СДСМ: Ова е режим на дело – почнаа нарачаните кривични пријави против нашите кандидати
„ВМРО-ДПМНЕ започна со режимските практики пред избори“, велат од СДСМ по кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка, која ја нарекоа „срамен притисок и црна кампања на власта против успешните градоначалници на СДСМ“.
Препорачано
„ВМРО-ДПМНЕ знае дека не може да победи во Крива Паланка, па не им останува ништо друго освен да ги вклучат механизмите за притисок и монтиран прогон. Режимот се враќа – граѓаните не смеат да подлегнат на овие злоупотреби, туку силно да одговорат на избори против старите режимски методи на власта. Но ова не е изолиран случај. Во сите општини каде што раководи СДСМ, започната е инструментализирана кампања за притисок од сите можни институции. Се вршат инспекции и се измислуваат прекршоци, а во другите општини со кои раководат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ништо не се проверува и нема инспекции. Додека Тошковски срамно го брани криминалот на Висар Ганиу од 225 милиони евра, на оние кои чесно работат им измислува кривични пријави за да врши терор и заплашување. Тошковски и Мицкоски мижат пред криминалот на „Вреди“, молчат за десетици скандали со местени тендери кои ги објави за нивните градоначалници, но измислуваат криминал кај СДСМ и нашите кандидати. Ова е удар врз демократијата и слободата, врз правниот поредок!“, велат од опозициската партија.
Градоначалникот на Крива Паланка доби кривична пријава за „несовесно работење во службата“


