СДСМ го осуди палењето на автомобилот на пратеникот Ристески, бара МВР да го расчисти случајот

Колаж на СП

Владејачката СДСМ го осуди палењето на автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески и го повика МВР да го расчистат случајот.

МВР и сите надлежни институции ги повикуваме и очекуваме целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите, велат од партијата.

Од партијата велат дека го осудуваат овој криминален чин и повикаа на одговорност, а очекуваат јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите.

Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвнува било кој“ додаваат од партијата.

СДСМ соопшти дека обидите за „манипулација и покажувањето со прст кон некој друг, само за дневно-политички цели, е свесна злоупотреба на случајот, а можеби и свесно погрешно наведување“.

Запален автомобилот на пратеникот Ристески, Ковачки обвини: Кукавички чин зад кој стојат платеници инспирирани од СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот