Саудиска амбасада во Париз: Уапсениот осомничен нема врска со случајот Кашоги

Џамал Кашоги
Џамал Кашоги / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Амбасадата на Саудиска Арабија во Париз денеска соопшти дека саудискиот државјанин, уапсен под сомнение за убиство на новинарот Џамал ​​Кашоги во 2018 година, нема никаква врска со случајот.

Вчера, француската полиција уапси маж осомничен дека е член на групата која го уби Кашоги во конзулатот на кралството во Истанбул, а инспекторите се обидуваат да потврдат дека човекот кој го имал пасошот на Калид Алотајби е навистина човекот кој се бара во врска со убиството.

„Лицето кое е уапсено нема никаква врска со предметниот случај”, се вели во соопштението на амбасадата. Затоа, амбасадата на кралството очекува неговото итно ослободување.

Амбасадата соопшти дека саудиското правосудство веќе изрече казни против „сите вклучени во монструозниот атентат на Џамал ​​Кашоги” и дека тие ја отслужуваат казната.

Во септември 2020 година, судот во Саудиска Арабија укина пет смртни казни изречени по судењето зад затворени врати во Саудиска Арабија, наместо да ги осуди обвинетите на 20 години затвор.

Во меѓувреме, француската страна сѐ уште спроведува истрага за да се осигура дека полицијата го привела вистинското лице, из ави извор близок до случајот, истакнувајќи дека неговиот притвор може да трае до 48 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот