Сашко Николов му ја предаде функцијата градоначалник на Општина Штип на Иван Јорданов

Новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов и неговиот поранешен колега, Сашко Николов/ Фото: Фејсбук

Новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов и неговиот поранешен колега, Сашко Николов утринава оствариле средба во градоначалничкиот кабинет, без присуство на медиуми. Поранешниот градоначалник на Општина Штип, Сашко Николов на својот фејсбук профил објави „денеска со кафе и цеден сок, ја примопредадов функцијата градоначалник на општина Штип, на новиот градоначалник Иван Јорданов”.

–Општина Штип ја оставам во одлична финансиски ликвидна состојба на сметката на Општина Штип има 47.000.000 денари, на сметка на ЈП „Стипион” има 4.100.000 денари и дополнителни 500.000 денари од паркинг наплата, додека на сметка на ЈП „Исар” има 9.000.000 денари, вели Николов во својата фејсбук објава.

Посочи дека остава 22 проекти, со обезбедени финансии, со завршена јавна набавка и потпишани договори со изведувачи, каде се чека нивно започнување.<

–Му посакувам успешна, чесна и пожртвувана работа на градоначалникот Иван Јорданов, каде сите граѓани на Општина Штип ќе бидат еднакви, порача Николов.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот