Фото: FK Sarajevo/FB

Сараево се пофали, Ристовски потпиша до 2027 година

Стефан Ристовски и официјално кариерата ја продолжува во редовите на Сарајево од БиХ каде што пристигнува по заминувањето од хрватскиот гигант Динамо Загреб.

Преку социјалните мрежи, Сарајево потврди дека Ристовски потпишал договор на две години со опција истиот да биде продолжен на уште една.

Клубот со него очекува да добие цврстина и искуство на десната страна каде што настапува македонскиот фудбалер низ кариерата.

Oчекувањата се Ристовски веднаш да се придружи на екипата на Сарајево која во овој момент ги одработува подготовките за новата сезона во Словенија, а летово ќе игра и квалификации за Лигата на Европа каде што во првиот натпревар ќе ги одмерат силите со романската Универзитеа.

Низ кариерата која ја започна во Вардар Ристовски го носеше дресот уште на: Парма, Кротоне, Фросиноен, Бари, Ларрина, Специја, Ријека и Спортинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот