Петрит Сарачини / Утрински брифинг

Сарачини: Спиралата на злото е длабоко навлезена, црната кампања – хронична болест во нашето општество

Се занимавам со лажните вести и дезинформациите и се обидуваме преку „Кратки нозе“ на публиката да и предочиме дека тоа што излегува во медиумите не секогаш е вистина и да има критичка визура и да ги прима медиумските содржини повнимателно, да бара повеќе извори за да дојде до вистината, изјави во Утрински брифинг, новинарот и дел од Цивил медиа, Петрит Сарачини.

-Кампањата личи на предизборните кампањи што ги имаме години нанзад. Почна предвреме. Политичките партии се активни од минатата година, промовирање на нивните политики, но најмногу на оцрнување на политичкиот противник. Тоа е хронична болест на болест на нашето општество – се потпишуваат Кодекси за фер избори, фер натпревар, но за жал гледаме дека не се почитуваат. Тоа малку личи на лицемерие на политичките партии – штом не го додржуваат зборот на еден пишан документ, кога тоа не се почитува и се третира како тоалетна хартија, мислам дека тоа треба да се смени. Притисокот може да дојде само од граѓаните, политичките партии нема сами да се сменат, вели Сарачини.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот