Санкции против Белорусија – прва точка на дневниот ред на ЕУ лидерите

Шарл Мишел / Фото ЕПА

Самитот започнува во 18 часот попладнево и ќе трае до утре попладне. 

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, пред почетокот на вонредниот ЕУ самит попладнево изјави дека прва точка на дневен ред ќе биде ситуацијата во Белорусија, лидерите ќе дебатираат за санкции против оваа земја, јави дописничката на МИА од Брисел.

Иако начелно главна тема на разговорите денеска требаше да биде Ковид-19, вакцинацијата и олеснувањето на движењето во ЕУ, прва точка на дневен ред на самитот на ЕУ ќе биде Белорусија откако авион на Рајанер беше принуден да слета во Минск за да се приведе белорускиот опозиционер Роман Пратасевич.

Претседателот на Европскиот Совет го нарече овој чин неприфатлив и увери дека ЕУ ќе реагира.

-Тоа што се случи вчера е меѓународен скандал, работиме на санкции и санкциите ќе бидат на дневен ред на Европскиот Совет. Беа загрозени животите на цивили, европски цивили меѓу другото, ова е закана за меѓународната безбедност, закана за цивилното воздухопловство, поради тоа сме убедени дека цврста реакција мора да има, изјави Мишел пред почетокот на самитот на ЕУ.

Самитот започнува во 18 часот попладнево и ќе трае до утре попладне. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот