Санирано свлечиштето на патот до Теферич

Општина Кисела Вода ја заврши санацијата на свлечиштето на патот кој води кон населеното место Теферич. На оштетениот дел на овој пат во должина од 200 метри поставен е нов асфалт, а оваа седмица на истиот ќе се постават и решетки за одвод на атмосферските води.

Во периодот што следува, на земјиштето покрај патот ќе биде извршено хортикултурно уредување.

Увид на патот денеска направија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и членот на Советот на Општината, Дарко Филиповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот