Самостојни изложби на Нада Прља и Изабела Перс се поставени во галеријата „аА29 Проект рум“ во Милано

Двојна самостојна изложба на македонска и италијанска уметница, Нада Прља и Изабела Перс, курирана од италијанската кураторка Лаура Черубини, од 3 декември до 13 февруари 2022 година, е поставена во приватната галерија „аА29 Проект рум“ во Милано.

Со наслов „Ин комон“ на изложбата двете уметнички, со различни, но комплементарни погледи и методи, создаваат дијалог и размислување за важни современи, социјални и еколошки прашања. Со набљудувањето на една кревка и сложена сегашност, Нада Прља и Изабела Перс ги анализираат современите медиуми кои влијаат на нашата перцепција на светот околу нас.

Нада Прља прашувајќи се како уметниците да ќе ги променат начините на производство на сопствените уметнички дела, за да избегнат неограничено искористување на материјали, дава можност низ излоќбата за критиката на самиот уметнички пристап. Со давање на соодветен пример, Прља ги рециклира своите постари дела за да создаде нови уметнички дела, што резултира со слоевитост на содржината што ги збогатува постоечките дела со нови значења и концепти.

Проекти „Дневник на катастрофи II“ (2004, 2021) и „АдаН, повик за позајмување“ (2019-2021) на Нада Прља / Фотографија: Даниеле Марзорати

Помеѓу уметничките дела на оваа изложба, инсталацијата „Дневник на катастрофи II“ (2021) го реупотребува и трансформира постоечкото дело „Некомерцијална агенција“ (2004), проект кој ја критикува и преиспитува содржината на информациите што весницитеги даваат на јавноста секој ден. Со исликување врз неколку од новинските страници од ова дело, на датумите и местата од природните катастрофи што се случиле на глобално ниво помеѓу 2004 и 2021 година, Прља ги спојува двете дела и тие стануваат единствено дело, рефлектирајќи реална слика за светската ситуација и непотребна хиперпродукција на капитализмот.

Делата на Изабела Перс ги толкуваат климатските промени преку јазикот на водата и поврзувањето на ситуации кои се слични во нивните околности, и покрај тоа што физички се многу оддалечени една од друга: од една страна, небесните атоли на Кирибати во Тихиот Океан, страдаат од ефекти од ненадеен пораст на нивото на морето и, од друга страна, територијата на североисточна Италија, која беше насилно погодена од бурата Ваја во октомври 2018 година, уништувајќи десетици илјади хектари алпски шуми.

Инсталација на Изабела Перс / Фотографија: Даниеле Марзорати

Уметничките дела претставуваат време кое повеќе не постои. Во Пиове на Пјерлуиџи Капело се вели „дрвото е наопаку, со своите корени во воздухот“, со овие дела е претставено времето кое не може повторно да се наврати на циклус на вечно враќање, туку наместо тоа се протега линеарно и неконтролирано низ далечните географии создавајќи слика која е надреална и е всушност претстава на нашата реалност.

Заедничката основа на делата на Прља и Перс во изложбата лежи во деконструкцијата на типичните практики на масовните медиуми – како во реелаборираната верзија на веб-страниците на серијата цртежи на Изабела Перс „Те аба“, или во преобоените страници на весниците што го сочинуваат „Дневникот на катастрофи II“ на Нада Прља. Заедничката основа е во новите прашања што уметничките ги изразуваат со своите дела, преку размислување за употребата и злоупотребата на информациите и преку пребарување на критичко читање на сегашното време.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 109, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 11-12 декември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот