Само секоја петта институција постапила по препораките од Антикорупциската комисија

Билјана Ивановска претседател на ДКСК - Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Претседателката на Антикорупциската комисиjа Билјана Ивановска вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека не работела со американскиот „тим за санкции“, кој до неодамна беше во земјава, туку од медиумите дознала дека се дојдени американски истражувачи на корупцијата во земјава.

– Ние по празниците треба да имаме средба со американската амбасадорка и ќе ги разговараме за сите поенти кое се однесуваат за нашата институција. Институциите малку ги спровеле нашите препораки, 20% и за мене тоа е поразителен факт. Активностите кои се предвидени во акцискиот план за спроведување на националната стратегија, се предложени токму од институциите“, рече Ивановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот