Само 2 отсто луѓе можат да ја решат оваа загатка на Ајнштајн: Дали вие можете да го пронајдете одговорот?
Загатките се секогаш добар начин на вежбање на умствените способности и зголемување на нивото на интелигенција. Тие можат да ви го избистрат умот и да ве поттикнат на логично размислување. Со таа цел, прочитајте ја следнава загатка што ја поставил Алберт Ајнштајн, а што можат да ја решат само 2 отсто од луѓето во светот. Нашиот совет е да ја решавате загатката кога ќе бидете смирени и да не очајувате доколку не можете веднаш да дојдете до одговорот.
Препорачано
Загатката гласи: Во улицата постојат пет куќи и секоја е со различна боја. Во секоја куќа живее човек од различна националност. Секој човек пие посебен пијалак, пуши одредена марка цигари и има свој домашен миленик. Вашата задача е да одредите кој чува златна рипка како домашен миленик.
Упатства за решавање на загатката:
– Англичанецот живее во црвената куќа.
– Швеѓанецот чува кучиња.
– Данецот пие чај.
– Зелената куќа е лево од белата.
– Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
– Личноста која свира виолина одгледува птици.
– Сопственикот на жолтата куќа свири клавир
– Човекот што живее во средната куќа пие млеко.
– Норвежанецот живее во првата куќа.
– Човекот што свири труба живее до оној кој чува мачки.
– Човекот што чува коњи живее покрај човекот кој свири клавир.
– Сопственикот кој свири хармоника пие пиво.
– Германецот свири гитара.
– Норвежанецот живее до сината куќа.
– Човекот кој свири трува има сосед кој пие вода.
Совет: Користете пенкало и хартија додека ја решавате загатката. Постепено елиминирајте ги сите можности додека не дојдете до конечното решение.
Ви даваме уште една шанса да пробате пред да ви го откриеме одговорот.
Одговорот е: Златнат рипка е во куќата број четири – кај Германецот!


