Салах летово може да стане најплатен фудбалер во светот
Мохамед Салах според последните информации е на чекор од трансфер што може да ги помести границите на фудбалските плати. Египетската ѕвезда е пред потпис со саудискиот гигант Ал Итихад, со договор кој би го издигнал на самиот врв според заработка во светот на фудбалот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По речиси една деценија во Ливерпул, каде што остави длабока трага со голови и освоени трофеи, Салах е подготвен за нов предизвик надвор од Европа. Иако интерес постоеше од повеќе клубови, понудата од Саудиска Арабија се покажала како финансиски неспоредлива.
Според информациите, станува збор за двегодишен договор тежок околу 100 милиони евра по сезона, бројки што го ставаат далеку пред конкуренцијата. На неделно ниво, тоа би значело заработка од околу 1,6 милиони фунти, што е неколкукратно повеќе од она што го инкасираше на „Енфилд“.
Дополнителна олеснителна околност е тоа што трансферот ќе се реализира без обесштетување, откако раководството на Ливерпул се согласило предвреме да го раскине договорот. Во меѓувреме, Ал Итихад веќе расчистува место во составот, разделувајќи се со звучни имиња како Н’Голо Канте и Карим Бензема, што јасно укажува дека клубот го гледа Салах како ново заштитно лице на проектот.


