Фото: TUNDRA

„Сакса“ и неговиот тим трети на турнирот во Данска, освоија награда од 230.000 долари

Maкедонецот Мартин Саздов или „Сакса“ со тимот на „Тундра спортс“ го освои третото место на престижниот „Тhe International 2024“ кој се одржуваше во Данска.

Овој турнир е еден од најголемите во гејминг светот, па така и наградниот фонд изнесуваше над 2.3 милиони долари.

„Сакса кој“ доби можност да настапува како замена за рускиот гејмер Едгар Арменовиќ Налтакиан кој имаше проблем со визата и на крајот со соиграчите стигна до третата позиција.

Третата позиција на турнирот на играчите на „Тундра спортс“ им донесе парична награда од 232.000 долари.

Во тимот на „Сакса“ беа уште: Метју Филемон од Индонезија (Whitemon), Финецот Топиас Мик Тавитсен (Тоpson) и Русите Роман Кушнарев (RAMZES666) и Иван Москаленко (Pure).

За главната награда се бореа 16 екипи кои беа поделени во четири групи со по четири тимови, а главната награда заврши во рацете на „Тим Ликвид“, додека на второто место се пласираа „Гаимин Гладијаторс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот