Сакате луксузно искуство? Посетете го прекрасниот резорт „Jumeirah Vittaveli“ (ГАЛЕРИЈА)

Убавината на Mалдивите е позната во целиот свет, како и името на ланецот луксузни хотели „Jumeirah“.

Кога овие два концепти ќе се спојат, се добива прекрасен резорт – „Jumeirah Vittaveli“. Сместен е на тропскиот раj на островот Болифуши, а има вкупно 89 апартмани и вили. Сите апартмани се беспрекорно наместени и опремени.

Секоја од сместувачките единици има свој приватен базен, како и пристап до плажата или прекрасната лагуна.

Ова место е толку мирно и живописно така што ќе помислите дека сте на пуст остров. Сепак, трите префинети ресторани и барот ќе направат да се почувствувате како во рајот, додека ги вкусувате нивните интересни јадења и освежителни пијалоци.

Овој прекрасен резорт содржи и префинет спа центар – „Talise Spa“.

И за крај, едноставно мора да ја искусите авантурата за истражување на кристално чистите води кои го опкружуваат овој остров, а самиот резорт ви нуди услуги кои ќе ви помогнат во тоа. Со помош на нивната опрема ќе можете да нуркате и да ги истражувате сите убавини на водата.

Сите овие искуства заедно создаваат незаборавно искуство и одмор кој засекогаш ќе го паметите и секако ќе посакате да го доживеете повторно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот