Сакала да си направи накит од него: Американка се обидела да пренесе измет од жирафа од Кенија преку царина

Фото: Mancia Petr/ publicdomainpictures

Американските цариници спречиле жена од Ајова која се обидела да внесе измет од жирафа во САД, со својот багаж. Таа сакала да си направи накит од својот „сувенир“ што го зела на пат во Кенија.

Кога била избрана за дополнителен преглед по пристигнувањето на аеродромот „Минеаполис-Сент Пол“ на 29 септември, патничката сама пријавила дека има мала кутија со измет. Жената им рекла на цариниците дека имала намера да направи ланче од изметот, бидејќи веќе имала накит од измет од лос. Стручњаци од Агенцијата за земјоделство потоа ја заплениле малата кутија и го уништиле изметот од жирафа, соопшти Царината на САД.

– Постои реална опасност од внесување фекални материи во САД… Доколку личноста влезеше во САД и не пријавеше што донела, многу веројатно би се разболела од таков накит, со опасност од сериозни здравствени проблеми – изјави одговорниот за царина и гранична заштита на Чикаго, Лафонда Д. Сатон-Бурк.

Африканска свинска чума, класична свинска чума, Њукаслова болест, шап и лигавка и свинска везикуларна болест се дел од заболувањата во Кенија кои Царината ги наведе како опасност од внесувањето измет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот