Сафади: Јордан е против присилно раселување на Палестинците
Шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади денеска изјави дека Аман не прифаќа „присилното раселување“ на Палестинците.
Препорачано
– Нашето отфрлање на присилното раселување на Палестинците е категорично и нема да се промени. Јордан е за Јорданците, а Палестина е за Палестинците, наведе Сафади.
Неговата изјава уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека сака Египет и Јордан да ги примат Палестинците од Појасот Газа.
– Сакам да преземете уште бегалци, бидејќи како што гледам целиот Појас Газа е хаос, вистински хаос. Речиси се е уништено, а луѓето таму умираат. Јас повеќе би сакал да соработувам со некои арапски земји и да изградам сместување на друго место каде што можеби би можеле да живеат во мир, барем еднаш, посочи Трамп, тврдејќи дека за тоа телефонски разговарал со јорданскиот крал Абдулах.
Тој додаде дека за предлогот ќе разговара и со претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси, истакнувајќи оти мерката може да биде долгорочна или привремена, додека не се обнови опустошената енклава.
Трамп не даде повеќе детали за предлогот, а темата не беше спомната во официјалниот извештај на Белата куќа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


