epa08872772 US Secretary of State Mike Pompeo delivers remarks on China at Georgia Institute of Technology in Atlanta, Georgia, USA, 09 December 2020. Pompeo said China presents a continual challenge to US national security and academic freedom. EPA-EFE/ERIK S. LESSER

САД воведуваат дополнителни санкции за претставници на кинеската Комунистичка партија

САД вчера воведоа дополнителни визни ограничувања на кинеските власти заради наводни кршења на човековите права, преземајќи натамошни активности против Пекинг во последниот месец од мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Новите ограничувања се однесуваат на сите „претставници на кинеската Комунистичка партија вклучени во такви репресивни активности, без разлика каде се наоѓаат”, се наведува во изјавата на американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео.

Помпео додаде дека ограничувањата се однесуваат на сите службеници за кои се верува дека се одговорни или соучесници во борбата против религиозните и етнички малцински групи, неистомисленици и други.

“Кинеските авторитарни владетели воведуваат драконски ограничувања на слободата на изразување, религијата или верувањето, здружувањето и правото на мирно собирање на кинескиот народ. САД јасно ставија до знаење дека сторителите на ваквите повреди на човековите права не се добредојдени во нашата земја”, се наведува во соопштението.

Дури и членови на семејството на кинески официјални лица опфатени со санкциите нема да можат да добијат американски визи.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот