САД разгледува повлекување на трупите од западна Африка

Фото: EPA PHOTO/EPA/STR

Министерот за одбрана на САД, Марк Еспер, планира да ги повлече американските трупи од западна Африка, како дел од планот за преместување на 200.000 војници во странство, пренесува „Анадолија“.

Планот вклучува и напуштање на неодамна изградената база на беспилотни летала вредна 110 милони долари во Нигер и откажување на помошта за француските сили кои се борат против милитантите во Мали, Нигер и Буркина Фасо.

САД имаат меѓу шест и седум илјади војници во Африка, а предложеното повлекување најверојатно ќе биде фокусирано на неколкуте стотини американски војници распоредени во Нигер, Чад и Мали, се наведува во извештајот.

Официјалните лица, според „Њујорк тајмс“, рекоа дека повлекувањето на американските сили од Африка ќе придонесе до слични планови за намалување на американското воено присуство во Јужна Америка, Ирак и Авганистан.

Исто така, се нагласува дека Еспер размислува за значајно намалување на трупите на Блискиот исток, па така војската во Ирак би била намалена од 5.000 на 2.500 војници, а во Авганистан од речиси 12.000 на 8.000 војници.

– Нема да шпекулираме за идните положби на силите – наведе преку соопштение портпаролот на Пентагон.

Почетната одлука на Пентагон за Африка се очекува во јануари следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот