6.8 C
Скопје

САД покрена обвиненија против вработени во Аерофлот за извоз на украдена електроника

Американските власти покренаа обвиненија против 10 лица осомничени за криумчарење украдени електронски уреди во Русија и заговор за извршување злосторства.

Обвинението го издаде федералниот суд во Бруклин, Њујорк, соопшти Министерството за правда на САД.

Илегалниот извоз во Русија го вршеле курири, од кои многумина се поранешни и сегашни вработени во компанијата „Аерофлот”, а останатите се нејзини патници.

Електронските уреди шверцувани во Русија се проценуваат на вкупно околу 50 милиони долари. Значителен дел од оваа техника е произведен од Ејпл.

Електрониката е извезувана без дозволи.

Еден од уапсените успеал да пренесе повеќе од 1.000 уреди во периодот август-декември 2019 година, тогаш тој патувал четири пати од САД во Русија. Друг пренел вкупно 235 уреди во девет куфери за околу 250.000 американски долари.

Прочитајте и...  Магла на Стража, слаб снег на Попова Шапка

За време на претресите, како дел од истрагата, кај обвинетите биле пронајдени над 600.000 американски долари во готовина и голема количина опрема.

Поради наодите од оваа истрага, американскиот Стејт департмент одзеде 110 визи на вработени во „Аерофлот” за учество во акцијата.

(Извор: МИА)

Поврзани вести

Германија веќе се подготвува за нова пандемија

Слободен печат

ВИДЕО: Историски чекор кон декриминализација на марихуаната во САД

Слободен печат

Вирусолог од Вухан: Во Азија има уште коронавируси кои можат да се пренесат на луѓето

Слободен печат

Судот го презакажа судењето за убиството на Оливер Ивановиќ

Илинка Иљоска

Села: Одредени пратеници ќе ја злоупотребуваат можноста за онлајн-присуство

Слободен печат

Николов: Изградба на 100 типски куќи за социјално ранливите, во 21 век секој заслужува топол дом

Слободен печат

Остави Коментар