САД побараа од Кина да го затвори конзулатот во Хјустон

Одлуката на Вашингтон е опишана како „невидена политичка провокација” што дополнително ќе ги наруши дипломатските односи.

Соединетите Американски Држави одеднаш наредија Кина да го затвори својот конзулат во Хјустон, соопшти Министерството за надворешни работи на азиската држава.

Одлуката на Вашингтон е опишана како „невидена политичка провокација” што дополнително ќе ги наруши дипломатските односи.

– Кина ги повика САД веднаш да ја повлечат погрешната одлука или Кина дефинитивно ќе преземе соодветен и неопходен одговор, изјави портпаролот на кинеското Министерство.

Тој додаде дека вчера американските власти побарале од кинеската Влада да го затвори својот конзулат.

Претставникот истакна дека одлуката на САД е едностран потег. Пекинг се закани дека ќе одговори со „цврсти контра мерки” доколку Вашингтон не се откаже од одлуката. Кинеската Влада ги обвини американските власти за малтретирање кинески дипломати и заплашување кинески студенти со конфискација на лични електронски уреди и приведување без причина. Нагласено е дека кинеските дипломатски мисии и персонал често добиваат смртни закани.

– Кина остро го осудува скандалозниот и неоправдан потег, што ќе ги саботира кинеско – американските односи, истакна кинескиот портпарол.

САД и дадоа на Кина 72 часа да го затвори својот конзулат во Хјустон.

Полицијата и противпожарната служба во американскиот град пристигнале во конзулатот, по дојава дека се палеле документи во отворени контејнери, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.

На пожарникарите не им било дозволено да пристапат, но подоцна пожарот е изгаснат. Никој не е повреден.

Тензиите меѓу двете земји ескалираа во последните месеци, кога САД и Кина се судрија во голем број области, вклучително и на економско и на политичко ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот