САД очекуваат реформи во палестинската управа

фото: Getty Images

Соединетите Американски Држави го поздравија формирањето на нова влада на палестинската управа – гледајќи на тоа како чекор кон политички реформи.

Администрацијата на Џо Бајден повика на „ревитализација“ на палестинската управа со седиште на Западниот Брег со надеж дека ќе може да управува со појасот Газа откако ќе заврши војната меѓу Израел и палестинската група Хамас.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер рече дека Соединетите Држави со нетрпение очекуваат да работат со новата група министри „за спроведување на веродостојни реформи“.

„Ревитализираната палестинска управа е од суштинско значење за постигнување резултати за палестинскиот народ и на Западниот Брег и на Газа и за воспоставување услови за стабилност во поширокиот регион“, рече Милер.

Палестинските власти управуваат со делови од Западниот Брег окупирани од Израел. На чело е палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој не се соочи со избори речиси две децении.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот