САД: Блокиран планот за враќање на смртната казна на федерално ниво

Врховниот суд на САД ги блокираше плановите за враќање на смртната казна на федерално ниво.

Судот го отфрли итното барање на владата да дозволи продолжување на егзекуциите по 16-годишна пауза. Тоа го запре извршувањето на смртните казни на четири лица, планирани во наредните недели. Сепак, таа одлука на Врховниот суд е привремена, а во наредните два месеца Врховниот суд ќе ги разгледа основаноста на тоа прашање.

Претседателот Доналд Трамп е силен поддржувач на смртната казна. Секоја држава во САД одлучува индивидуално дали ќе воведе смртна казна.

Федералниот систем е одвоен од оние на 50-те држави. Последната федерална егзекуција во САД беше извршена во 2003 година.

Во изминатите 45 години, само три лица се егзекутирани на федерално ниво во САД.

Само неколку држави, претежно во конзервативниот југ, се уште ја применуваат смртната казна. Од 25 егзекуции во 2018 година, 13 се извршени во Тексас.

Анкетите велат дека поддршката за смртна казна кај Американците се намалува. Сега, 54 проценти од Американците се согласуваат со смртна казна за убијци, а во раните 80-ти беа 80 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот