САД бараат истрага за принудното слетување на авион на Рајанер во Минск и итно ослободување на Проташевич

U.S. Secretary of State Antony Blinken

САД ја осудуваат принудната промена на правецот на авион на Рајанер и последователното апсење во Минск на новинарот Роман Проташевич, соопшти американскиот Стејт департмент.

Државниот секретар Ентони Блинкен во соопштенито побара новинарот да биде веднаш ослободен.

– САД одлучно го осудуваат принудното менување на правецот на лет на авион меѓу две земји членки на ЕУ и последователното симнување и апсење во Минск на новинарот Роман Проташевич. Бараме негово итно ослободување, изјави Блинкен.

Во соопштението се истакнува дека „шокантниот чин извршен од режимот на Лукашенко” ги загрозил животите на повеќе од 120 патници, вклучително и американски државјани.

– Првичните извештаи кои посочуваат вклученост на белоруски служби за безбедност и употреба на воен авион… се длабоко загрижувачки и бараат продлабочена истрага, наведе Блинкен.

Тој исто така го поддржа состанокот на Советот на Меѓународната организација за цивилна авијација (ИЦАО).

Белоруските власти вчера побара авионот на Рајанер принудно да слета во Минск со образложение дека во леталото има експлозив. Според белоруската државната новинска агенција БеЛТА, Лукашенко лично наредил авионот на Рајнер да биде придружуван од воен авион.

ЕУ ќе разговара за евентуални санкции кон Белорусија, ОБСЕ бара ослободување на Проташевич

Проташевич е еден од основачите на Телеграм каналот НЕКСТА, што беше еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија. Тој од белоруските власти е обвинет за организација на масовни нереди и е означен како терорист, поради што се соочува со долгогодишна казна затвор. Проташевич од 2019 година се наоѓа во егзил во Полска. Тој во Атина беше дел од делегацијата предводена од белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја, која неодамна присуствуваше на Делфи форумот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот