Сѐ уште не е јасно како Северна Кореја единствена го избегна коронавирусот

Фото: Профимедиа

Си-Ен-Ен пишува дека не е јасно како Севернокорејците единствени успеале да го избегнат вирусот и додаваат дека земјата или имала среќа, или не се целосно искрени, или пак ја користи предноста од тоа што е „затворена“ нација.

Од моментот кога смртоносниот коронавирус се појави во кинескиот град Вухан, речиси секоја држава и територија во источна Азија потврди за случаи на заразени. Сепак, меѓу нив не е Северна Кореја.

Една од најсиромашните земји на светот, според официјалните податоци, успеа да го избегне вирусот, и покрај фактот дека се граничи со Кина, во која од новиот коронавирус починаа повеќе од 600 лица, а заразени се повеќе од 31.000, наведува Си-Ен-Ен.

Исто така, секоја земја и територија во радиус од речиси 2.500 километри од Северна Кореја, исклучувајќи ја Монголија, исто така потврди дека има заразени со новиот вирус.

Си-Ен-Ен пишува дека не е јасно како Севернокорејците единствени успеале да го избегнат вирусот и додаваат дека земјата или имала среќа, или не се целосно искрени, или пак ја користи предноста од тоа што е „затворена“ нација.

Државата јавно не соопшти дека има заразени со вирусот, но професорот на Корејскиот универзитет Нам Сунг Вук, кој претходно беше шеф на јужнокорејската разузнавачка агенција, за Си-Ен-Ен вели дека многу е веројатно оти некој од 25-те милиони луѓе, колкушто живеат во Северна Кореја, е заразен.

– Знаеме дека има заразени во кинеските региони кои се граничат со Северна Кореја. Околу 90 отсто од трговијата на Северна Кореја се одвива со Кина и ние знаеме дека многу луѓе, камиони и возови ја преминале границата меѓу две држави пред Северна Кореја да ги преземе мерките за да се спречи ширење на вирусот – рече Нам.

А тие мерки, како што пишува американскиот медиум, се многу сериозни.

Северна Кореја ги затвори границите за странски туристи, од кои поголемиот дел се Кинези, отвори центри против ширење на епидемијата во земјата, додека сите луѓе кои во земјата влегле по 13 јануари се ставени под медицински надзор.

Државната агенција КЦНА исто така информираше дека медицинските работници поставиле системи за дијагностика ширум земјата и дека се во состојба за кратко време да го откријат присуството на вирусот.

Меѓутоа, неколку експерти со кои разговараа Си-Ен-Ен, скептични се кога станува збор за способностите на Пјонгјанг да ги тестира луѓето за присуство на вирусот.

Американскиот медиум пишува и дека Северна Кореја е една од најзатворените земји на светот, и потсеќа дека таа држава никогаш не призна колку луѓе во деведесетите години на минатиот век починале од глад, проблем предизвикан од пополавите, сушата и укинувањето на советската помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот