Руте го убедувал Трамп дека многу европски земји ѝ помогнале на Америка за Иран
На прашањето дали светот сега е побезбеден отколку пред војната, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одговори „апсолутно“ и заслугата му ја припиша на „лидерството“ на Доналд Трамп во слабеењето на иранските нуклеарни закани.
Генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, ја опиша средбата со американскиот претседател Доналд Трамп како „многу искрена“ и „многу отворена“, и покрај очигледните несогласувања, објави „Би-би-си“.
Препорачано
Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, повторно го нападна НАТО бидејќи не ги поддржал САД во војната со Иран, по приватната средба во Белата куќа со генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.
„НАТО не беше таму кога ни требаше и нема да биде таму ни кога пак ќе ни затреба“, напиша Трамп во објава на „Трут соушл“ по средбата.
Во пресрет на разговорите во средата, Трамп си поигруваше со идејата за напуштање на трансатлантскиот воен сојуз, откако неколку земји членки на НАТО се спротивставија на неговите повици да помогнат во повторното отворање на Ормускиот Теснец, со цел да се олесни растот на глобалните цени на нафтата.
Белата куќа не откри детали од разговорот.
Генералниот секретар престојувал во Белата куќа повеќе од два часа вчера, иако не е познато колку точно траела средбата со Трамп.
Се очекуваше средбата да биде обид Трамп да се убеди и придобие со аргументот дека е во негов интерес, и во интерес на Америка, да остане во НАТО.
Белата куќа обвинува дека НАТО не ја поддржал Америка против Иран
Трамп и натаму има резерви кон Алијансата
Она што е јасно, меѓутоа, е дека Трамп и натаму има длабоки резерви кон Алијансата и кон земјите членки, за кои верува дека не им помогнале доволно на САД пред и за време на операцијата „Епик Фјури“.
Во последните недели, Трамп се закануваше дека ќе се повлече од 32-члениот трансатлантски сојуз.
Во меѓувреме, голем дел од пораката на Руте до Трамп, изгледа, бил дека многу европски држави сепак не застанале на патот.
Генералниот секретар за „Си-ен-ен“ изјави дека посочил оти „големото мнозинство европски земји помогнале со бази, со логистика и со прелети“.
– Затоа сликата е посложена – рече Руте.
На прашањето дали светот сега е побезбеден отколку пред војната, Руте одговори „апсолутно“ и заслугата му ја припиша на „лидерството“ на Трамп во слабеењето на иранските нуклеарни закани.
Тој додаде дека членките на НАТО не ја гледаат војната со Иран како нелегална и дека повеќето се согласиле оти е важно да се ослабат нуклеарните капацитети на Иран.
Останува да се види дали таа аргументација, и топлиот личен однос на генералниот секретар со Трамп, ќе бидат доволни за американскиот претседател.
Иран и Америка ја гаснат војната со водата од Ормускиот Теснец
НАТО се соочува со голем предизвик
На прашањето за улогата на НАТО во тековниот конфликт со Иран, портпаролката на Белата куќа, Каролајн Ливит, вчера пренесе директен цитат од претседателот дека НАТО „беше ставен на тест и потфрли“.
Ливит рече дека земјите од НАТО „му го свртеле грбот на американскиот народ“, кој ја финансира нивната одбрана, и дека Трамп ќе има „многу искрен и отворен разговор“ со шефот на НАТО.
На крајот на 2023 година, американскиот Конгрес навистина изгласа забрана кој било американски претседател еднострано да се повлече од НАТО без одобрение од двотретинско мнозинство во Сенатот или без акт на Конгресот.
Односите меѓу администрацијата и НАТО веќе беа во тешка состојба и пред војната со Иран, главно поради несогласувањата околу плановите на Трамп за Гренланд.
Конфликтот со Иран, меѓутоа, ги подигна поплаките на Трамп кон НАТО на ново ниво и создаде, можеби, најголем предизвик со кој Алијансата се соочила во својата историја.
Иран објави насоки за пловидба, како да се избегнат мини во Ормускиот Теснец


