Рут Вилсон прозборе по гласините дека ја напуштила серијата „The Affair“ поради експлицитна голотија

Instagram
Instagram

Актерката Рут Вилсон (38) која толкуваше една од главните улоги во серијата „The Affair“ која предизвика многу реакции во јавноста заради експлицитната голотија и секс сцени конечно прозборе на таа тема. Актерката изјави дека на сетот имало моменти кога „работите не изгледале како што треба“, но таа „успеала да се заштити“.

Instagram
Instagram

Неодамна во странските медиуми се појавија обвинувања дека 38-годишната актерка, која за улогата на Алисон Локхарт ја доби наградата „Golden Globes“, ја напиштила серијата поради непријатни секс сцени за кои не била соодветно платена. Покрај тоа, на сетот наводно владеела токсична работна атмосфера и сите стандарди за снимање сексуални сцени биле игнорирани.

Instagram
Instagram

Една од авторките на серијата, Сара Трим, ги негираше обвинувањата. Во интервју за магазинот „Stylist“, Рут окри дека сè уште не знае што да изјави за нејзиното напуштање на серијата. Актерката вели дека за неа е важно луѓето да знаат дека таа се погрижила за себе и се заштитила.

Причината поради која не зборував за „The Affair“ е тоа што не сум одлучила што да кажам. Се крена многу бучава и гнев околу таа тема и мислам дека имам моќ да одлучам како ќе зборувам за мојот живот и моите искуства. Важно е да се знае дека прозборев. Дека имав глас. Дека се заштитив. Имаше ситуации во „The Affair“ кога не се чувствував добро и ги решив“, изјави Вилсон.

Instagram
Instagram

Тоа беше пред движењето „#МеТоо“ и пред Харви Вајнстин, но моите инстинкти беа јасни и силни, чувствував дека тоа што се случува е погрешно и дека не се чувствувам безбедно“, додаде таа.

Во декември 2019 година, Трим јавно се бранеше од обвинувањата дека создала непријатна работна атмосфера на сетот што предизвика Вилсон да го напушти снимањето на серијата. Таа призна дека не се согласува со актерката која одеднаш објави дека ја напушта серијата иако го толкуваше главниот лик.

Instagram
Instagram

Се шпекулираше дека проблемот се должи на одредена агресивна сцена во која нејзиниот лик бил принуден да има секс покрај дрво. Вилсон истакна дека сцената изгледа како силување. Покрај тоа, на сет честопати се отварало прашањето зошто актерките треба толку често да бидат голи, додека актерите не.

Instagram
Instagram

Актерката Рут изјави дека на сет кога имало секс сцени, честопати имало луѓе кои воопшто не требало да бидат таму, а имало поставено и монитори каде што можело да се гледа сè.

Вилсон призна дека знаела дека работата на оваа серија ќе бара голотија, но била изненадена од честата голотија и самата природа на тие сцени. Кога се пожалила на тоа, била прогласена за актерка која е „тешка за соработка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот