Русковска знае кај се парите од “Рекет”

– Утре ќе поднесам обвинение за перење пари, изјави обвинителката Вилма Рускоска по денешниот распит на Јасна Мандиќ, осомничена во аферата “Рекет”.

Таа истакна дека во завршената истрага е утврдено каде и за што биле употребени парите за кои е осомничен Бојан Јовановски. Освен Јовановски, во првата група на осомничени се Зоран Милески и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Рускоска исто така потврди дека кај некој од осомничените имало интерес за склучување спогодба, но не сакаше да обелодени за кого станува збор.

За случајот „Рекет“ на потпретседателката на невладината организација Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ вечерва и беше одреден куќен притвор. Покрај неа, осомничени во случајот се и Фросина Ременски, потоа асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова, а и Миле Јовановски, татко на првоосомничениот Бојан Јовановски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот