Русковска си останува со истиот тим, нема нови обвинители

Советот на јавните обвинители денеска не избра нови обвинители за Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во обвинителството каде што шефица е Вилма Русковска остануваат старо-новите обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, а мандатот им заврши минатиот месец. Станува збор за обвинителите Марија Ѓорѓева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу – Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа-Кузмановска кои добија нов мандат од четири години.

Други обвинители кои конкурираа, ни не добија мнозинство гласови се: Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Арсим Адеми. Конкурираше и обвинителката Имран Османи, но таа добила негативна оцена од Вишото обвинителство поради што ме ги исполнуваше условите. Кандидатот Арсим Адеми не ја добии поддршката од советот, кој во јавноста стана познат откако се спогоди со Зоран Милевски Кичеец, односно даде согласнос Кичеец да лежи 6 месеци затвор за сообраќајката кај Стража, во која загина едно лице.

 

Марија Ѓоргева е реизбрана, a била стручен соработник во Кривичен суд, па виш соработник во друг суд и била оценета од Русковска со 24 бодови. Валентина Бислимовска исто така реизбрана била приправник во Граѓански суд, по што станала обвинител во скопското обвинителство. Бислимовска е оценета со 18 бодови, Енѓелуше Кадриу-Леши имаше 24 бодови, Ивана Трајчева добила 25 бодови, додека Сузана Мичевска-Кузмановска доби 18 бодови – кажа Антонио Јолевски, претседател на Советот.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека ги поддржува сите обвинители кои и досега работеле.

– Тоа се професионални обвинители кои ги извршуваат своите работи, постапуваат по сложени предмети – изјави Јовески.

ВИДЕО | Дувњак: Од неизборот на обвинители ползува криминалот и корупцијата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот