Русковска ја предаде жалбата на суспензијата: Не сум суспендирана јас, туку правдата
„Ова не го сметам за суспензија на Русковска, туку за суспензија на правото и правдата. Без разлика што имаше соопштение дека предметите кои ги водев јас ќе продолжат со ист интензитет, после ова мене што ми се случи не верувам дека кој било колега сериозно ќе продолжи да постапува по истите“, изјави денеска суспендираната обвинителка Вилма Русковска, која ја предаде својата жалба за одлуката за суспендирање до Советот на јавни обвинители.
Препорачано
Доскорешниот директор на Управата за Финансиска полиција, Арафат Муареми поднесе оставка, а претходно поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против три обвинителки од Обвинителството за гонење организиран криминал за претресот во Управата неколку недели претходно.
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, по ова ја суспендира Русковска и отвори дисциплински постапки против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, кои го извршиле претресот во финансиската полиција.
Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска рече дека од Управата побарале стотина предмети, а добиле само триесетина, и тоа документи кои не ги барале.
Финансиската полиција реагира: Невистините се изјавите на Русковска за побараните предмети


