Рускоска ќе дава отчет пред Советот на јавни обвинители

Шефицата на Одделот за организиран криминал и корупција при Јавното обвинителство Вилма Рускоска ќе биде повикана од Советот на јавни обвинители да даде отчет за своето однесување, односно за нејзината завчерашна заканувачка порака испратена до судија од скопска Апелација.

Од Советот на јавни обвинители потврдуваат дека до нив вчера пристигнала преставка од Апелација. Велат дека откако ќе се добие и изјавата од Рускоска, нивниот став ќе биде јавно соопштен.

Како што е познато, завчера попладне, откако советот на судии од Апелација составен од судиите Јани Нича, Сафет Кадрии и Зоран Димитриевски од затворски во домашен притвор ја пуштија поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, второобвинета во случајот „Рекет“ некој од нив тројцата добил порака од Рускоска со текст:

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“.

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот