Рускиот владика Силуан испрати отрезнувачка порака: Благодатниот оган не е знак за крај на светот
Слегувањето на Благодатниот оган во Ерусалим често е во центарот на вниманието на верниците пред Велигден, но според зборовите на владиката Силуан (Вјуров), викар на патријархот московски и на цела Русија, г.г. Кирил, овој настан не треба да се толкува како апокалиптичен предзнак, пренесе Политика.
Препорачано
За време на прес-конференција во прес-центарот на медиумската група „Русија денес“, владиката јасно порача дека верувањето во Благодатниот оган како клучен индикатор за Второто Христово доаѓање нема основа во Светото писмо.
„Не го намалувам значењето на ова чудо, но Библијата укажува на многу поважни знаци“, истакна владиката Силуан.
Тој особено нагласи дека најтрагичниот показател за надолазечките промени е токму губењето на љубовта меѓу луѓето. Според него, кога нивото на непријателство и беззаконие во општеството ќе ја надмине огнената љубов, тоа е многу поочигледен и поалармантен сигнал од кој било друг феномен.
Владиката потсети дека суштинското чудо на воскресението е нешто што се случува во секоја православна црква и дека самиот Господ, како Семоќен, е над човечките ограничувања и земните предвидувања.
„Господ ќе сè насочи според својата волја“, додаде тој.
Велигден, кој го означува крајот на Великиот пост, ќе биде прославен во Руската православна црква на 12 април, а велигденските настани, вклучително и церемонијата на слегување на Светиот оган во Црквата на Светиот гроб, годинава ќе се одржат во ограничен формат. Поради безбедносната ситуација, светите места во стариот дел на Ерусалим ќе останат затворени за поклоници и туристи.
Пораката на владиката Силуан ги повикува верниците да го пренасочат фокусот од надворешните, понекогаш шпекулативни знаци, кон суштината на христијанството – зачувување на љубовта и емпатијата во општеството. Во моменти кога светот се соочува со големи предизвици, тој потсетува дека вистинската сила на верата не лежи во исчекувањето на чуда, туку во способноста човекот да ја сочува во себе добрината и човечноста, кои, според библиското толкување, се најважните показатели за времето во кое живееме.
ВИДЕО | Чудото на Христовиот гроб – Слегувањето на Благодатниот оган


