Рускиот митрополит Антониј во посета на МПЦ-ОА во време кога се очекува томосот од Вселенската патријаршија

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска е рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил.

Како што информираат од МПЦ-ОА, во текот на денот Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе се сретне со рускиот митрополит Антониј, i во текот на денот ќе испратат соопштение за целите на посетата.

Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, синоќа изјави дека посетата на митрополитот Антониј, која не беше најавена ниту од МПЦ-ОА ниту од РПЦ, не е случајна, но не откри повеќе детали за причините и целта на доаѓањетто на рускиот митрополит.

Средбата не е случајна. Ќе видиме што ќе ни претстават тие. Неблагодарно е да се зборува било што пред средбата, истакна владиката Тимотеј.

Посетата на митрополитот Антониј се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

Претходно дел од бугарските медиуми, повикувајќи се на црковни извори, објавија дека тој доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ.

Потсетуваат и дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна” средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синoдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот