Руски извештај за војната: „Уништување на Украина за целосна денацификација“

Бегалци од Украина,

Руската државна агенција РИА Новости неодамна објави текст со наслов „Што Русија мора да направи со Украина“. Текстот кој предизвика лавина од реакции поради неговата содржина меѓудруго открива детали и заштрашувачки план за целосно елиминирање и денацификација на Украина.

Како што наведува новозеландскиот медиум „Њус-хаб“ кој прв ја објави информацијта, во текстот на руската новинска агенција стои дека секој „Украинец е нацист кој заслужува смрт“. Украина мора да и плати на Русија за својата вина, а земјата треба да добие економско и политичко уништување.

„Нацистите кои земаа оружје мора да бидат убиени колку што е можно повеќе… Не само елитите, повеќето од луѓето се виновни, тие се пасивни нацисти. Оние што ги поддржуваа овие елити мора да бидат казнети“стои во извештајот објавен од руските медиуми.

Дополнително во текстот се наведува дека Украина е „непријател“ и не може да постои како самостојна држава.

„Мора да се третира како непријател и затоа може да се развива единствено со зависност од Русија. Не може да се случи никаков Маршалов план. Нема неутралност ниту идеолошка или практична. Историјата докажа дека Украина не може да постои како национална држава. Секој обид да се создаде тоа води кон нацизам. „Украинизмот“ е вештачка „антируска конструкција“, стои во извештајот

Во меѓувреме украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го видел извештајот и планот и посочи дека тоа ќе биде еден од доказите за идниот трибунал за воени злосторства против руските агресори.

„Истиот ден, на 3 април, кога светот се згрози од мртвите тела на убиените во Буча, на веб-страницата на руската државна новинска агенција РИА Новости беше објавен текст кој го оправдува геноцидот врз Украинците“. Насловот е доста елоквентен, цитирам „Што да прави Русија со Украина. Ова е уште еден доказ за идниот трибунал за воени злосторства направени од Русите – изјави Зеленски, за украинскта агенција „Укринформ“.

Инаку минатата недела беа објавени шокантни слики на кои се гледаат тела расфрлани по улиците на украинскиот град Буча, кој до неодамна беше окупиран од руските сили.

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Мишел Бачелет рече дека извештаите покренале „сериозни и вознемирувачки прашања за можни воени злосторства“. Американскиот претседател Џо Бајден исто така изјави дека тоа е „воено злосторство“, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски случувањата ги опиша како „геноцид“

Во меѓувреме официјална Москва ги отфрли сите обвинувања за геноцид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот