Русите и Украинците со посредство на Американците седнаа на преговарачка маса во Женева
Руските и украинските преговарачи започнаа разговори во Женева во вторник со посредство на САД, со цел да се стави крај на четиригодишната војна. Ова е трета рунда трилатерални преговори меѓу делегациите на Русија, Украина и САД, објави „Гардијан“.
Препорачано
Рустем Умеров, новоназначениот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, го потврди почетокот на нова рунда преговори во трилатерален формат.
„Денес започнуваме уште една рунда преговори – Украина, Соединетите Американски Држави и Русија“, рече тој.
Today, we are starting another round of negotiations in a trilateral format — Ukraine, the United States, and Russia.
We thank the American side for its engagement and consistent work in the negotiation process. We are grateful to Switzerland for organizing the meeting and… pic.twitter.com/RqfSGXDk88
— Rustem Umerov (@rustem_umerov) February 17, 2026
Благодарност до САД и Швајцарија
Умеров им се заблагодари на меѓународните партнери за нивната улога во организирањето на состанокот.
„Ѝ се заблагодаруваме на американската страна за ангажманот и доследната работа во процесот на преговори. Благодарни сме ѝ на Швајцарија за организирањето на состанокот и обезбедувањето на потребните услови за дискусии“, рече тој.
Јасен мандат и цели
Тој истакна дека украинската делегација влегува во преговорите со прецизни насоки одобрени од претседателот на земјата, а фокусот ќе биде на клучните прашања.
„Имаме рамки одобрени од претседателот на Украина и јасен мандат. Безбедносните и хуманитарните прашања се на дневен ред“, рече тој.
Умеров додаде дека пристапот кон преговорите е конструктивен и насочен кон постигнување напредок, без нереални очекувања.
„Работиме конструктивно, фокусирано и без претерани очекувања. Нашата задача е максимално да ги подобриме решенијата што можат да го доближат одржливиот мир“, заклучи тој.




