Русите ги плаќаат Италијанците по 200 евра за да се снимаат како и се заблагодаруваат на Русија? (ВИДЕО)

Фото: ЕПА

Руските граѓани во Италија им нудат на Италијанците пари да се снимаат како им се заблагодаруваат на Русија и нивниот претседател Владимир Путин за помошта во медицинска опрема и доктори која Русија им ја испрати на Италија, открива еден од најчитаните италијански весници, Ла Република.

На Италијанците, пишува Ла Република, им се нудат по 200 евра преку мобилната апликација Ватсап, за преку Твитер, Фејсбук или Инстаграм да објават видео под хаштаг „Од Русија со љубов“ (From Russia With Love), што е слоганот кој Русија го избрала за својата хуманитарна кампања.

Ла Република: 200 евра за видео, помалку за текстуална објава

Италијанците кои се врбувани за оваа кампања имаат и опција на текстуална објава, но тие ќе добијат помалку пари.

„Прерано е да се тврди дека „кампањата“ за плаќање 200 евра за снимка е дел од некоја стратегија, но има сомневање“, пишуваат италијанскиот весник, а пренесуваат Москва Тајмс.

Руската амбасада во Рим го опиша текстот на Ла Република како „провокација на измамници“ и искоментирале дека не знаат за никакво врбување на социјалните мрежи, но велат дека имале стотици повици од Италијанци кои искрено се заблагодариле за помошта на Русија во борбата против коронавирусот.

Русија испрати помош во 15 воени авиони, италијански извори тврдат дека е бескорисна

Русија да потесетиме, во март во 15 од своите воени авиони наводно во Италија испрати 600 медицински респиратори и повеќе од стотина воени болничари, виролози и епидемиолози со искуство во борбата против ебола во Африка. На тоа им се заблагодари и италијанскиот амбасадор во Москва, а снимката од конвојот на нивни воени камиони на пат од Рим за Бергамо, најтешко погодениот италијански град исто така кружеше по интернет.

Од друга страна, италијанскиот весник Ла Стампа објави голем извештај во кој високи извори од италијанските власти тврдат дека дури „осумдесет отсто од руските залихи се тотално бескорисни или од мала корист за Италија“ во борбата против коронавирусот, на што руските власти и медиуми жестоко реагирале нарекувајќи ги лажни вести.

Replace Flag

WOW! Italian man replaces EU flag with Russian flag and says thanks to PUTIN for sending over aid. Is the EU finished over their handling of the situation?

Publiée par UNN sur Mardi 24 mars 2020

Наведените извори исто така за Ла Стампа констатирале дека Путин оваа помош ја испратил под слоганот „Од Русија со љубов“ заради своите дипломатски и геополитички интереси, а дека италијанскиот премиер Џузепе Конте ја прифатил помошта за да ги осигура добрите односи со Москва.

Кој ги отстранува знамињата на ЕУ и поставува руски знамиња?

Во исто време на социјалните мрежи почнаа на големо да кружат снимки од Италијанци кои ја пуштаат руската химна од балконите или ги отстрануваат знамињата на Европската унија и ги заменуваат со руски и кинески, заради недостатокот на помош од Брисел и благодарност кон Пекинг и Москва.

Руските медиуми, секако, интензивно известувале за овие пораки за благодарност од Италија, но Би-Би-Си Русија на крајот на март извести дека Италијанците од тие снимки имаат финансиски или роднински врски со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот