Русија со контра санкции за претставници на ЕУ заради нивните ставови за случајот Навални

epa06925241 Maria Zakharova, the Russian Foreign Ministry's spokeswoman, attends a briefing in Moscow, Russia, 03 August 2018. Media reports on 31 July 2018 stated that Maria Zakharova has come out with a new career, writing lyrics for pops songs, with her work, 'Paid in Full' which is performed by Russian singer Katya Lel. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Искористувајќи го старото талионско начело „око за око, заб за заб” Русија им воведува санкции за претставници на ЕУ како одговор на санкциите воведени од Унијата за труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, пренесуваат француските медиуми.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека како одговор на „конфронтирачките активности на ЕУ одлучило да го прошири списокот на претставници на земјите-членки на ЕУ и институциите на кои ќе им биде забранет пристап до Руската Федерација”.

Контрасанкциите се соопштени откако Москва денеска повика високи дипломати од Германија, Франција и Шведска, во чии лаборатории се потврди дека Навални во август годинава бил отруен со советскиот нервен агенс “Новичок”.

-Германските, француските и шведските дипломатски  претставници беа повикани во Министерството за надворешни работи во врска со воведувањето на антируски санкции за ЕУ, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова, пренесоа француските медиуми.

Европските дипломати не дадоа изјави по средбата во руското МНР.

Новите санкции следат само еден ден откако Навални соопшти дека самиот измамил руски агент да му признае дека Федералната служба за безбедност (ФСБ) се обидела да го убие ставајќи му отров во долната облека.

ВИДЕО: Отровот не бил во чајот, Навални откри дека рускиот агент му го подметнал отровот преку долната облека

ФСБ доцна синоќа овие докази на Навални го оцени за „лажни” и соопшти дека тој е поддржан од странски разузнавачи.

Навални (44)  во август одеднаш сериозно се разболе за време на лет од Сибир кон Москва и веднаш беше хоспитализиран во градот Омск, а потоа пренесен во Берлин со медицински авион.

Руското Министерство за надворешни работи претходно минатата недела ги повтори обвинувањата дека земјите од ЕУ одбиле да соработуваат со Русија во истрагата на инцидентот. Москва повеќепати ги негираше обвинувањата дека нејзините безбедносни служби имале каква било улога во инцидентот. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот