Русија се оградува од операцијата за убиство на Ал Багдади

Откако американскиот претседател Доналд Трамп на прес конференција, зборувајќи за ликвидирањето на лидерот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади ја спомна Русија, со изјава се јави и руското Министерство за одбрана, кое демантираше дека знаат нешто за помош на американското воздухопловство.

– Не знаеме ништо за каква било помош на американските авиони во воздушниот простор на Идлиб за целите на операцијата – рече портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.

На прес-конференцијата по повод ликвидацијата на терористичкиот лидер, Трамп рече дека Русија на американските авиони им го отворила воздушниот простор кој го контролира над сириските територии.

Конашенков објасни и какво влијание ќе има на ситуацијата во Сирија убиството на Ал Багдади:

– Откако ИД беше поразена од страна на силите на сириската Влада и со поддршка на руските воздушни сили на почетокот на 2018 година, уште една смрт на Абу Бакр ал-Багдади нема да има влијание ниту на ситуацијата во Сирија, ниту на акциите на терористите кои останаа во Идлиб, рече Конашенков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот