Фото: ЕПА

Русија: Намалена потрошувачката на алкохол за време на владеењето на Путин

Русите може да имаат репутација на нација која консумира многу алкохол, но извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) покажува дека потрошувачката на алкохол во оваа земја опаднала за повеќе од 40 проценти во споредба со 2000 година.

Според СЗО, ваквиот тренд се темели на серија мерки воведени од претседателот Владимир Путин откако дојде на власт во 2000 година, што вклучуваат ограничувања во продажба на алкохол и промовирање на здрав начин на живот.

,,Руската Федерација веќе долго време се смета за земја со најтешки алкохоличари – се вели во извештајот, додавајќи дека алкохолот бил еден од клучните фактори за брз пораст на бројот на смртни случаи во 90-тите години.

Студијата откри дека падот од 43% на потрошувачката на алкохол по глава на жител од 2003 до 2016 година е поттикнат од наглото намалување на потрошувачката на евтини пијалоци. Авторите на извештајот наведуваат дека овој тренд е фактор за продолжување на животниот век, кој достигна историски врв во 2018 година со просечна старост од 78 години за жени и 68 години за мажи. Во бурните рани 1960-ти, животниот век на мажите беше само 57 години.

За време на владеењето на Путин, Русија воведе мерки, вклучувајќи забрана за продажба на алкохол по 23 часот, зголемување на минималната набавна цена за пијалаците и забрана за рекламирање, пренесува АФП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот