Русија кривично ги гони хашките судии кои издадоа налог за апсење на Путин

Владимир Путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL

Обвинителот и судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, кои издадоа налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, станаа цел на кривично дело, објави денеска рускиот Истражен комитет.

Во објава на Телеграм, Комитетот соопшти дека отворил случаи против обвинителот на МКС, Карим Ахмад Кан, како и против судиите Томоко Акане, Росарио Салваторе Аитала и Серхио Херардо Угалде Годинес.

Кан на 22 февруари испрати петиција до Судот за претходна постапка на МКС за да добие налози за апсење на Путин и руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, која ја обвини дека е одговорна за „незаконската депортација на деца од Украина“. Неговата претставка беше одобрена од гореспоменатите судии.

Рускиот Истражен комитет го опиша гонењето на МКС како „очигледно незаконско, бидејќи нема основа за кривична одговорност“. Тој, исто така, укажа на Конвенцијата на ОН за заштита на дипломатите од 1973 година, која на шефовите на државите им дава апсолутен имунитет од јурисдикцијата на странски земји.

Комитетот смета дека дејствијата на Кан се кривично дело според руските закони за „свесно доведување на невино лице на кривична одговорност, комбинирано со незаконско обвинување на лице за извршување на тешко или особено тешко кривично дело“. Тој се товари и за подготвување напад врз претставник на странска држава „со намера да ги усложни меѓународните односи“.

Тројцата судии се обвинети за напад на претставник на странска држава, како и за обид за „намерно незаконско приведување“.

Русија го игнорираше налогот на МКС бидејќи ,според Москва, тој „нема правна основа“, а поранешниот претседател Дмитриј Медведев сугерираше дека налогот за апсење на Путин е „знак за колапс на меѓународното право“. Тој, исто така, го опиша МКС како „пос*ан и несакан од никого“ и рече дека Судот има лошо досие за држење на одговорност од осомничени од висок профил, експлицитна прозападна пристрасност и не успеал да ги истражи воените злосторства на САД во Авганистан и Ирак.

Кремљ официјално реагираше смирено на налогот на МКС. Прес-секретарот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска за РИА Новости изјави дека веќе има многу „отворено непријателски манифестации во однос и на нашата земја и на нашиот претседател“ и дека земањето на сето тоа „при срце“ нема да донесе ништо добро.

Судот во Хаг издаде налог за апсење на Путин, обвинет е за киднапирањето украински деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот