Русија и Белорусија добија забрана за настап на Зимските параолимписки игри

Безбедноста за спортистите е од најголема важност за Меѓународниот параолимписки комитет/Фото: EPA/JAN WOITAS

Иако беше објавено дека ќе настапат на Зимските параолимписки игри, сепак Меѓународниот параолимписки комитет (ИПК) донесе нова одлука. На спортистите од Русија и Белорусија нема да им биде дозволено да се натпреваруваат во Пекинг каде ќе се одржи Зимската олимпијада од 4 до 13 март 2022 година.

ИПК се најде на удар на критики откако најпрво одлучи да им дозволи на спортистите од земјите да се натпреваруваат под неутрално знаме.

– Безбедноста на спортистите е од најголема важност за нас, а ситуацијата во спортските села ескалира и сега стана неодржлива – се вели во соопштението на ИПК.

Комитетот подлегна на притисокот и одлучи да го забрани учеството на натпреварувачите од Русија и Белорусија.

На овој спортски настан требаше да учествуваат 71 спортист од Русија и 12 од Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот