Русија го модернизира радарскиот систем, способен е да открие објекти од пет сантиметри на височина до 1.000 километри

Русија ја модернизира радарската станица „Дон-2Н“, која нема конкуренција во светот, изјави генералниот директор на концернот „РТИ системми“, Јури Аношко, на форумот „Армија 2021“. Станицата се наоѓа во близина на Москва.

– Неодамна ја завршивме модернизацијата на таа станица, сега се подложува на тестирање. Како резултат на тие работи, беа сменети функционалните можности на „Дон -2Н“ – рече Аношк.

Во таа насока, тој додаде дека станицата „не ги промени само квантитативните карактеристики, туку и квалитативните“.

„Дон-2Н“ се наоѓа во близина на Москва. Тој е дел од системот за предупредување за ракетен напад и обезбедува информации за противракетната одбрана на Москва (ПРО).

Изградбата на станицата започна во 1978 година, а во 1989 година стана дел од вооружувањето. Станицата беше пуштена во работа во 1991 година и оттогаш е на должност.

Радарската станица може да открие мали боеви глави на балистички проектили на долги растојанија, да ја одреди нивната траекторија, да ги следи со голема прецизност, да разликува боеви глави во однос на целиот систем на средства за избегнување на ПРО и многу повеќе.

Според податоците на руското Министерство за одбрана, „Дон-2Н“ е способен да открие мали вселенски објекти од само пет сантиметри на височина до 1.000 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот