Русија ги забрани активностите на „Гринпис“, ја прогласи организацијата за непожелна

Јубилеј - 50 години Гринпис / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Русија го прогласи еколошкото движење „Гринпис“ за „непожелна организација“ и ги забрани неговите активности во државата.

Во соопштението на рускиот државен обвинител се вели дека движењето Гринпис се обидело да „се меша во внатрешните работи на државата“ и дека „нивните активисти се впуштаат во антируска пропаганда и повикуваат на дополнителна изолација на државата“, повикувајќи на санкции против Москва .

Москва прогласи десетици странски организации за „непожелни“ во Русија откако почна да ја користи класификацијата во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот