фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Рушту Јонус се раздели со Вардар, Мицевски оди на позајмица

Од фудбалскиот клуб Вардар објавија дека Рушту Јонус повеќе не е играч на екипата.

Јонус во клубот пристигна изминатата полусезона, а одигра вкупно 10 натпревари, без постигнат погодок.

Воедно за вториот дел од сезоната скопските „црвено-црни“ нема да сметаат на капитенот Дарко Мицевски.

– Денеска во просториите на клубот, АД ФК Вардар и фудбалерот Дарко Мицевски се договорија играчот да не биде дел од ростерот на ФК Вардар, и истиот ќе замине на позајмица во друг клуб – соопшти Вардар.

Во изминатиот период Вардар се раздели и со Мартин Блажевски, Давид Велковски и Дејан Ѓуриќ.

Давор Талески е нов голман на ФК Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот