Рудник Саса бесплатно ќе обучува механичари и електричари во реактивираниот тренинг-центар

Рудник Саса бесплатно ќе обучува механичари и електричари во реактивираниот тренинг-центар. Обуката како што информират од рудникот ќе биде наменета за млади лица од 20 до 35 години, кои се заинтересирани да го зголемат своето знаење и да стекнат практични вештини од областа на електротехниката и машинството.

-Во согласност со својата стратешка определба за континуирано вложување во областите кои се значајни за просперитетот на локалната заедница, како и во ресурсите кои обезбедуваат продолжување на работниот век на најголемиот рудник за олово и цинк во земјата, Рудник САСА го реактивира својот Тренинг центар за обука во Македонска Каменица. Новиот циклус на работа на Тренинг центарот на Рудник САСА започнува од 1-ви мај 2021 година со организација на бесплатна обука за електричари и механичари во времетраење од три месеци, информираат од рудникот.

Обуката ќе ја изведуваат искусни лиценцирани предавачи и обучувачи од Рудник САСА и надворешни партнерски компании, а учесниците кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат соодветни сертификати кои се признаени од државата.

-Со оглед на тоа што тренинг центарот на Рудник САСА поседува соодветна акредитација од Министерството за образование и наука кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати ќе се стекнат со дополнителни поени при аплицирање за работа во рудникот САСА.  Бројот на учесници во обуката ќе биде ограничен, а наставата ќе се одвива со физичко присуство, со почитување на сите безбедносни протоколи и превентивни мерки за заштита од Ковид-19, додадоа од рудник Саса.

За учество на обуката кандидатите треба да имаат  завршено средно образование, (3 или 4 степен машинска или електро стручна подготовка), да поседуваат организаторски способности и да се прилагодливи на тимска работа. Сите заинтересирани што ги исполнуваат овие услови треба да достават лична професионална биографија и копија од дипломата за завршено средно образование на електронската адреса или директно во одделот за човечки ресурси на Рудник САСА, најдоцна до 2 април годинава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот