Руди Џулијани: Додик ја сака Америка, верува во вредностите на западната цивилизација
Пред насобраните на денешниот митинг за поддршка на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, во Бања Лука вечерва се обрати и поранешниот градоначалник на Њујорк и адвокат на Доналд Трамп, Руди Џулијани, кој рече дека Додик е „многу силен, решителен и принципиелен лидер, кој верува во основните принципи на западната цивилизација и слободата на говорот и ја сака Америка“.
Препорачано
Џулијани, кој во САД се соочи со обвиненија и судски процеси за местење на изборите во 2020 година, пред неколку дена пристигна во Бања Лука како специјална поддршка за Додик пред утрешното изрекување на пресудата во постапката во која тој е обвинет за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ.
„Во источна Европа многу повеќе се ценат чесноста и слободата. Запомнете дека сопругата на Трамп доаѓа од Словенија и тој е многу заинтересиран за овој дел од светот. Имате одлично раководство“, рече Џулијани, кој на крајот од говорот носеше капа со порака: „Направете ја Српска повторно голема“.
Наспроти оценките на колегата-конзервативец од САД, Додик е познат по своите жестоки антизападни и антиамерикански ставови, а тој и неговото семејство со години се на „црната листа“ на Вашингтон поради вмешаност во корупција и непочитување на Дејтонскиот договор.
НАТО и ЕУФОР се на нозе во Босна, ќе спречуваат можни немири ако Додик биде осуден


