Марко Рубио во посета на Словачка / Фото: EPA/DOMINIKA KORTVELYESIOVA

Рубио: Тешко е да се постигне договор со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека постигнувањето договор во нуклеарните преговори со Техеран ќе биде тешко бидејќи тие се водат од теолошки, а не од геополитички размислувања при донесувањето одлуки.

„Мислам дека тука постои можност преку дипломатија да се постигне договор што ќе ги реши прашањата што нè засегаат. Ќе бидеме многу отворени за тоа. Но, не сакам ниту да претерувам“, рече Рубио на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, објави Ројтерс a пренесе Тајмс оф Израел.

Државниот секретар на САД потврди дека, иако иранската страна не е спремна за компромис, тие ќе преговараат за запирање на нуклеарната програма сè додека гледаат цел во тоа.

Тој потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен и спремен да седне и да преговара со секого, „што беше очигледно во текот на изминатата година, и нема да биде поинаку во случај на решавање на иранското прашање“.

„Ќе биде тешко. Беше многу тешко за секого да склучи вистински договори со Иран, бидејќи имаме работа со радикални шиитски свештеници кои донесуваат теолошки, а не геополитички одлуки“, заклучи Рубио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот