РСБСП со апел пред празниците: Не возете под дејство на алкохол

Во пресрет на празничните денови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска упати апел до возачите за одговорно учество во сообраќајот за 2 Август.

– Празникот одбележете го достоинствено и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол! Како најголем државен празник, 2 Август – Илинден, треба да биде одбележен на достоинствен и соодветен начин, со сите почести и почит, согласно големината и важноста на овој празничен ден, велат од РСБСП.

Возењето под дејство на алкохол, како што посочуваат, е надвор од хуманите и цивилизациските вредности на современото општество.

-За жал, податоците од црната статистика и искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, продолжени викенди и одмори, значително се зголемува интензитетот на сообраќајот, а паралелно со тоа се зголемува и бројот на сообраќајни незгоди. Една од причините за оваа фатална состојба за време на празници и продолжени викенди е токму фактот што во овие денови значително се зголемува бројот на возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол, истакнуваат од РСБСП.

Потсетуваат дека според законот дозволено количество на алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 г/кг. Кај професионалните возачи и возачите почетници, не е дозволено никакво количество на алкохол во крвта.

Глобата за непочитување на ова законска обврска изнесува од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот