Рот: Грција и Германија го поддржуваат членството на Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Михаел Рот / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

 Поддршка за членството на Северна Македонија и Албанија во ЕУ изрази денеска германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот по средбата во Атина со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.

– Двајцата го поддржуваме патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во ЕУ, што ќе ја направи Европската Унија и поголема и посилна, рече Рот по средбата со Варвициотис.

Германскиот министер изрази поддршка и за дијалогот на Грција со Турција, но и истакна дека се потребни „конструктивни и взаемно корисни односи меѓу ЕУ и Турција”.

Варвициотис и Рот, се задржаа и на европскиот дигитален Ковид сертификат за кој рекоа дека е алатка за безбедно патување во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот