Роналдо и Платини се најдобрите стрелци во историјата на европските шампионати
Легендарниот француски фудбалер и поранешен претседател на УЕФА, Мишел Платини и капитенот на португалската репрезенција Кристијано Роналдо се најдобрите стрелци во историјата на европските првенства со по девет постигнати голови.
Зад нив е англиската легенда Алан Ширер со седум погодоци, по шест имаат Антоан Гризман, Златан Ибрахимовиќ, Вејн Руни, Нуно Гомеш, Тјери Анри, Патрик Клајверт и Руд ван Нистелрој.
На оваа листа со по пет постигнати голови се Саво Милошевиќ, Марко ван Бастен, Милан Барош, Јирген Клинсман, Фернандо Торес, Марио Гомез и Зинедин Зидан.
Роналдо покрај тоа што е најдобар стрелец, Португалецот воедно е и играч со најмногу настапи на континенталните собири.
Има вкупно 21 настап, зад него се Бастијан Швајнштајгер (18) и Џанлуиџи Буфон (17). По 16 настапи имаат Сеск Фабрегас, Андрес Иниеста, Лилијан Турам и Едвин ван дер Сар.
Најмногу асистенции на европските првенства запиша Чехот Карел Поборски (осум), а Роналдо има две помалку. По пет асистенции имаат Фабрегас, Швајнштајгер, Арјен Робен, Луиш Фиго и Дејвид Бекам.
Роналдо е и фудбалер со најмногу одиграни минути, вкупно 1793. На второто место е Буфон (1620), пред Ван дер Сар (1504).
ЕВРО 2020 vs Копа Америка: Меси или Роналдо, Нејмар или Мбапе, кои се посилни?