Романизирана историска повест: „Мариово – Жива историја“ од Зоран Костески – Шваца

Новинарот Зоран Костески – Шваца, кој голем дел од својот професионален ангажман го посвети на документаристичкиот приказ на македонските села, ја објави романизираната историска повест „Мариово – Жива историја“. На речиси четиристотини страници, тематски тој се обидел барем малку да му се доближи на писателот Стале Попов.

– Четириесетина години со мене е Стале Попов, а триесетина години сум во неговото Мариово. Талкајќи внатре во Мариово, секогаш во себе прераскажувајќи ги неговите записи за Калеш Анѓа (Анѓа Сирмева), Толе Паша (Стојан Куликов), Шаќир Војвода (Крсте Ѓермов), Доста Рожденката (Крпен живот), Дилбер Стана, но и мариовскиот итроманец Итар Пејо, ми дадоа поттик да се обидам да ја продолжам неговата жива раскажувачка традиција, со која мариовците и денеска живеат во светот на приказните, песните, со обичаите, слично како што тоа го има направено Стале Попов.

Се обидов да проникнам во мариовскиот начин на живеење, во душата мариовска, да ја разгранам, однатре да ја насликам со сите нејзини дневни и возвишени чувства, преку автентичната обработка на настаните и личностите, кои останаа верни на своето огниште, не дозволувајќи да згасне пламенот од огнот, да ја растераат пепелта под која со години тлеат безбројните жарчиња – истакнува Шваца.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 52, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-12 октомври 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот